Стоматолошка ординација Д-р Милан во Тетово

Работно време:
Пон. - Пет. 09:00 - 16:00ч.
Сабота 09:00 - 14:00ч

Јавете се:
+389 70 618 072

Локација:
Иво Лола Рибар 287/6, Тетово

ЗА НАС

Доктор Милан Апостолоски по завршувањето на своето основно образование се запишал во ОСМУ „Никола Штејн” отсек забен техничар. Средното училиште го завршува со одличен успех, а своето високо образование го завршува на Стоматолошки факултет при УКИМ.

Во соодветниот рок го завршува своето високо образование и се здобива со звање Доктор по стоматологија. Своите први работни искуства ги стекнува кај др. Оливера Китаноска и др. Салајдин Бафтијари како нивен стажант. По едногодишното стажирање др. Милан Апостолски полага државен испит и се стекнува со лиценца за работа.

Своето прво работно искуство го стекнува во стоматолошката ординација „Нео Дент” кај доктор Зоран Јовановски. По три годишно работење во „Нео Дент” доктор Милан се префрла да работи во стоматолошката поликлиника „Др. Ванчо” во општина Јагуновце.

Вредно, упорно и квалитетно работи така што стекнува голем број пациенти од Јагуновце и околината.

По три години работа во поликлиниката „Др Ванчо” др. Милан одлучува самостојно да отвори своја амбуланта и тоа го сторува на 23.04.2015. Шест полни години др. Милан работи вредно, педантно и квалитетно што за кусо време стекнал свои пациенти коишто од ден на ден бројката се зголемува.

Д-р Милан Апостолоски - стоматолог во Тетово
Стоматолошка ординација Д-р Милан во Тетово
Стоматолошки услуги во ординација Д-р Милан Тетово

НАШИ УСЛУГИ

Детска стоматологија во стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово

ДЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА

Соработката со најмалите пациенти е прв чекор за создавање навика и љубов кон одржување на нивната орална хигиена. Малите, „но големи пациенти“ се секогаш голем предизвик за нас стоматолозите. Детската психологија е многу интересна и големо поле за откривање на нивното размислување, па затоа и кај стоматологот треба да се негува „детското во него“ за полесно и побрзо да допре до детската психа и преку интересен и неприметлив начин да допре до нив и да ги придобие како пациенти коишто со задоволство ќе одат на стоматолошки прегледи и услуги.

Ортодонција во стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово

ОРТОДОНЦИЈА

За аномалиите на забите кај возрасни и деца стоматолошката ординација „Д-р Милан“ има постојана соработка со специјалист-ортодонт.

Естетска стоматологија во стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово

ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА

Прекрасната насмевка е многу важен момент за пациентот, бидејќи истата му влева поголема сигурност и самодоверба во неговиот секојдневен живот. „Д-р Милан“ сето тоа го може затоа што го следи трендот на секојдневното живеење и технолошкиот напредок, па и со тоа, со сигурност ќе може да Ви овозможи: поубава, помладешка насмевка и поголема самодоверба.

Белење на заби во стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово

БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИ

Белењето на забите е безболна постапка со која се отстранува жолтата пребоеност на забите којашто настанува поради консумирање на: кафе, чај, цигари, обоени пијалаци, употреба на медикаменти, болест... Белењето на забите е постапка која со еден третман во ординацијата на „Д-р Милан“ се добива: брза, драстична и трајна промена во бојата на забите.

Пломбирање на заби во стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово

Пломбирање

ПЗУ „Д-р Милан“ ги користи најсовремените материјали за пломбирање, а тоа се нано-композитните пломби, коишто естетски наликуваат на природните заби.

Чистење забен камен и полирање на заби во Тетово

ЧИСТЕЊЕ ЗАБЕН КАМЕН И ПОЛИРАЊЕ

Отстранување на цврсти и меки забни наслаги со ултра-звук, контрола на дентален плак (наслаги), обработка на парадонтални џебови и полирање на заби.

Орална хирургија во стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово

ОРАЛНА ХИРУРГИЈА

Во ординацијата „Д-р Милан“ се вршат следниве орално-хируршки интервенции: екстракција (вадење) на заби, хируршки екстракции (вадење) на заби во соработка со орален хирург, хируршка екстракција (вадење) на импактирани заби (умници) и апикотомија во соработка со орален хирург.

Стоматолошка протетика во ординација Д-р Милан Тетово

ПРОТЕТИКА

Стоматолошката ординација „Д-р Милан“ ги нуди следните протетски услуги: безметални керамички коронки (ZIRCONIA), метал-керамички коронки и мостови, тотални протези, парцијални протези, скелетирани визил протези, еластични (валпласт) протези и ламинати.

НАШИОТ ТИМ

Д-р Милан Апостолоски - стоматолог во Тетово

Д-р Милан Апостолоски

Доктор по стоматологија
Слободан Стојчевски - забен техничар протетичар

Слободан Стојчевски

Забен техничар – протетичар

Направете ги вашите заби на време и плаќајте опуштено — на рати, без камата.

  • 0% камата, фиксни месечни рати
  • Одобрување за неколку минути
  • Плаќање на лице место, без скриени трошоци

* Понудата е во партнерство со Iute Credit

Стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово
Iute Credit - партнер за плаќање стоматолошки услуги на рати

Официјално партнерство за бескаматно плаќање на стоматолошки услуги.

Плати на 6 рати - без камата

0% камата до 12 рати без депозити
Плаќање стоматолошки услуги на рати без камата

ЗОШТО ДА НЕ ОДБЕРЕТЕ НАС?

15 години работно искуство - стоматолог Д-р Милан Тетово

15 ГОДИНИ РАБОТНО ИСКУСТВО

10 години самостојна работа - стоматолошка ординација Д-р Милан

10 ГОДИНИ САМОСТОЈНА РАБОТА

Стоматолошка ординација Д-р Милан со соработка со ФЗОМ

10 ГОДИНИ СОРАБОТКА СО ФЗОМ

Стоматолошка ординација во Тетово која работи со книшки

РАБОТИМЕ СО КНИШКИ

Преглед кај избран стоматолог во Д-р Милан Тетово

ПРЕГЛЕДОТ КАЈ ИЗБРАНИОТ ЛЕКАР НЕ СЕ НАПЛАЌА

Грижа за пациентите во стоматолошка ординација Д-р Милан

ГРИЖА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

НАШАТА ОРДИНАЦИЈА

Стоматолошка ординација Д-р Милан во Тетово
Амбиент во стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово
Стоматолошка ординација во Тетово - Д-р Милан
Фотографија од ординација Д-р Милан во Тетово
Стоматолошка ординација Д-р Милан - Тетово
Амбиент во стоматолошка ординација Д-р Милан
Ординација Д-р Милан - стоматолог во Тетово
Фотографии од стоматолошка ординација Д-р Милан
Стоматолошка ординација Д-р Милан Тетово - галерија

СЕКОЈА БОЛКА БРЗО ПОМИНУВА СО НАША ПОМОШ

Побарајте нѐ уште денес +389 70 618072

КОНТАКТ

Име и презиме
Email
Телефон
Порака
Loading
Your message has been sent. Thank you!

Локација

Иво Лола Рибар 287/6, 1200 Тетово

Телефон

+389 70 618 072